Top Sport

Четворица заразени во Фенербахче

Четворица членови на кошаркарскиот клуб Фенербахче се заразени со коронавирусот, потврди во петокот претседателот на клубот Али Коч.

Сите во Фенербахче пред неколку дена биле тестирани на коронавирусот. Резултатите кои клубот ги добил денес покажале дека четворица се позитивни. Еден од заразените е кошаркар, двајца се од клупската администрација, а еден од техничкиот дел.

Клубот соопшти дека ќе ги почитува правата на заразените и нема да ги објавува нивните имиња.

„Тие се добро се наоѓаат во домашна изолација и се под лекарски надзор“, стои во клупското соопштение.

Вчера тренерот на Фенербахче. Жељко Обрадовиќ го напушти Истанбул и се врати во Србија.

Scroll to Top