Top Sport

Бербатов: Лука Јовиќ е Балканец како и јас, затоа понекогаш е луд!

Легендарниот бугарски фудбалер, Димитар Бербатов кој славата ја стекна играјќи за Манчестер Јунајтед го прозва Реал Мадрид кој најави санкции за српскиот фудбалер, Лука Јовиќ кој ја прекршил одлуката за самоизолација и од Мадрид отпатувал во Белград, каде слободно се движел низ градот.

„Јовиќ, исто како и јас, е од Балканот. Тоа значи дека понекогаш е луд. Се надевам дека славата премногу не го удрила во глава по трансферот во Реал. Тоа може да е многу опасно за еден фудбалер“ – смета Бербатов.

Бугарскиот фудбалер раскажа како тој се снашол своевремено во редовите на Баер Леверкузен.

„Јас бев во слична ситуација кога дојдов во Баер Леверкузен. Бев на исти години, а пред мене беше Улф Кирстен кој во Леверкузен имаше статус на бог. Се прашував, зошто јас не играм, заслужувам да играм, морам да играм. Кога си млад, тогаш помислуваш глупави работи“ – вели Бербатов.

За потсетување, напаѓачот на Реал бил забележан на улиците во Белград иако морал по доаѓањето од Шпанија да биде во 14-дневна самоизолација.

Обвинителството во Србија наложи против фудбалерот да има казнена пријава. Со тоа на Јовиќ му се заканува сериозна парична казна, па дури и тригодишен затвор.

Scroll to Top