Top Sport

Чикаго Бул ќе го пензионираат дресот на Роуз

Поранешниот американски кошаркар Дерик Роуз (36) ќе добие едно од најголемите награди за играч од НБА во јануари следната година.

На 24 јануари 2026 година, по натпреварот со Бостон Селтикс, Чикаго Булс ќе го кренат дресот на Роуз со број 1 под сводовите на нивниот „Јунајтед Центар“ и со тоа ќе му оддадат признаниет на еден од нивните најдобри играчи во историјата.

Булс го избраа Дерик Роуз како прв пик на драфтот во 2008 година, а тој веднаш беше прогласен за дебитант на годината во кој имаше просек од 16,8 поени, 6,3 асистенции и 3,9 скока.

Во сезоната 2010/2011, на 23-годишна возраст, тој стана најмладиот играч што ја освои наградата за најкорисен играч (MVP) со просек од 25 поени, 7,7 асистенции, 4,1 скока и украдена топка по натпревар, водејќи ги Булс до скор од 62-20 и финалето на Источната конференција, што е најдалеку што стигнале откако Мајкл Џордан си замина во 1998 година. Така, тој стана само вториот играч во историјата на Булс што го сторил тоа, секако веднаш до Џордан.

За жал, за разлика од Џордан, поради сериозна повреда на коленото во сезоната 2011/2012, тој не беше во можност да им ја донесе титулата на Булс и од тој момент неговата кариера тргна надолу.

Со оглед на тоа што неговата експлозивност и начинот на кој се движеше по паркетот беа еден од неговите главни адути, откако ги скина предните вкрстени лигаменти, тој никогаш не успеа да се врати на елитното ниво.

Scroll to Top