Top Sport

Чикаго ја доби драмата во Атланта, нов дебакл на Вориорс, Сијакам го победи Њујорк

Драматичната победа на чикаго во Атланта, неверојатната партија на Паскал Сијакам од Торонто и новиот дебакл на актуелните шампиони Голден стејт Вориорс, ја обележаа ноќта во НБА лигата.

Чикаго Булс, во Атланта имаа предност од 18 поени која ја испуштиј а во последниот период, но на крајот славеа со звукот на сирената 110:108.

ДеМар Дерозан го промаши целиот кош, а потоа до топката дојде Ајо Досунму, кој погоди за победа.

Торонто благодарение на Паскал Сијакам ја прекина низата од пет порази. Репторс победија во Њујорк со 113:106. Сијакам погоди 17 од 25 удари од поле и постигна 52 поени. Покрај тоа, имаше и девет скока, седум асистенции и една освоена и една загубена топка.

Лош натпревар одиграа актуелните шампиони Голден Стејт вориорс. Во Бруклин, Нетс славеа со 143:113. Вориорс имаат големи проблеми со повредени играчи, во отсуство на најдобрите се истакна Џејмс Вајсман. Кевин Дурант ги предводеше Нетси со 22 поени.

Резултати:

Кливленд Кавалирс – Милвоки Бакс 114:106
Филаделфија Сиксерс – Детроит Пистонс 113:93
Бостон Селтикс – Индијана Пејсерс 112:117
Хјустон – Орландо Меџик 110:116
Минесота Тимбервулфс – Далас Маверикс 99:104
Оклахома Тандер – Портланд Блејзерс 101:98
Сакраменто Кингс – ЛА Лејкерс 134:120
ЛА Клиперс – Шарлот Хорнетс 126:105

Scroll to Top