Top Sport

Чикаго Скај ја освоија женската НБА

Кошаркарките на Чикаго Скај ја освоија титулата во женската НБА лига. Чикаго Скај финалната серија против Финикс Меркјури со 3:1. Четвртиот меч Чикаго го доби со 80:74. За МВП на финалната серија е прогласена Кали Купер.

Чикаго Скај во вториот обид успеаја да ја освојат првата титула во историјата на франшизата. Во 2014 година, Чикаго во финалето беа поразени токму од екипата од Аризона. Титулата освоена во 2014 година е последна за Финикес Меркјури.

Интерсено, двете екипи на „мала врата“ влегоа во плејофот, Финикс беа петти на Западот, а Чикаго шести на Истокот.

На патот до титулата Чикаго Скај го победија Далас (81:64), Минесота (89:76), а потоа ги добија серриите против Конектикат и Финикс со по 3:1.

До победата над Финикс, во четвртиот натпревар, Чикаго го предводеа Ели Квигли (26 поени, 5 скока) и Кендас Паркер (16 поени, 13 скока, 5 асистенции).

Scroll to Top