Финалето на Руската кошаркарска Суперлига предизвика големи контроверзи, но не поради кошарката, туку поради шоуто кое го приредија „чирлидерките“.
Третиот меч од финалната серија меѓу Спартак Санкт Петербург и Самара во неделата донесе титула за гостите, но „победници“ дефинитивно беа „чирлидерките“ на Спартак. Девет танчарки оскудно облечени на шоуто пред мечот покажаа потези кои почесто се гледаат во стриптиз-баровите.
Според многу навивачи, кои дојдоа со своите деца на мечот, ова е неприкладно за јавност и требало да има предупредување дека е „за над 18 години“.
Инаку, мечот заврши со 66:59 победа на Самара, за 2:1 победа во финалната серија и за освојување на националната титула.