Top Sport

Нови „маки“ за Надал – стомачен вирус пред Мадрид

Петкратниот шампион од Мадрид опен, Рафаел Надал се повлече од прес-конференцијата во понеделникот пред неговиот прв меч на турнирот во вторник поради стомачен вирус.

Ова е уште еден загрижувачки момент за 11-кратниот шампион од Ролан Гарос, откако тој загуби изненадувачки на Мастерсот во Монте Карло и на Барселона опен, со што има малку мечеви на земја пред гренд слемот во Франција. Надал треба да игра со канадскиот тинејџер Феликс Оже-Алиасим во второто коло.

На терените во Мадрид, пак, поранешната гренд слем шампионка, Слоун Стивенс по четврти пат едноподруго ја победи Викторија Азаренка за пласман меѓу најдобрите 16. 29-годишната Азаренка пропушти две брејк топки на 1:1 во третиот сет, за Стивенс на крајот да победи со 6:4/2:6/6:2 по 2 часа и 6 минути игра.

Победа во третото коло оствари и седмата носителка, Кики Бертенс, која со 6:3/6:4 ја збриша поранешната шампионка од Ролан Гарос, Јелена Остапенко за само 80 минути.

Scroll to Top