ЦСКА Москва ќе донесе звучно име на центарската позиција. Рускиот шампион има проблем со повредата на Никола Милутинов. Србинот, го повреди коленото по само две минути игра, на првиот меч во Евролигата.
Наредните денови нов играч на ЦСКА, треба да стане Кенет Фарид. Минатата недела, Фарид потпиша договор со клуб од Порторико, Леонес де Понсе. Поранешниот играч на Денвер Нагетс, по пет дена реши да замине од клубот.
Прчината е понудата која ја доби од ЦСКА. Во договорот имал опција дека може да замине доколку добие понуда од Евролигата.
Фарид во 2011 година беше избран од 22. позиција на драфтот. Осум години играше во Денвер, потоа една сезона мина во Бруклин Нетс, па се преселив о Кина,в о Женјанг Лајонс.
„Манимал“, како што го нарекоа американските коментатори, во 2014 година со репрезентацијата на САД, го освои златниот медал, на Светското првенство во Шпанија.
Фарид ќе дебитира за ЦСКА на 12.октомври против Зенит или три дена подоцна против Црвена звезда.