Top Sport

Чудесно враќање на Чикаго, триумф и за Оклахома

Кошаркарите на Чикаго Булс го победија Торонто Репторс со 105:109 во плеј-ин натпреварот на НБА лигата. Булс ќе се борат со Мајами Хит, кои претходно загубија од Атланта Хоукс, за местото на осми носител во плеј-офот.

Торонто Репторс имаа 19 поени предност на почетокот на третата четвртина, но потоа водството почна да се намалува. „Биковите“ ги предводеше Зек Левин со 39 поени, од кои 17 постигна во третата четвртина, а уште 13 во последната. Репторс тука ја завршуваат сезоната.

Демар Дерозан додаде 23 поени за Чикаго Булс на натпреварот против неговиот поранешен клуб, додека Никола Вучевиќ имаше 14 поени и 13 скока. Паскал Сијакам беше најдобар стрелец кај Репторс со 32 поени, девет скока и шест асистенции. Го следеше Фред Ван Влит со 26 поени и 12 скока. Победникот од натпреварот Чикаго Булс – Мајами Хит ќе игра против Милвоки Бакс во НБА плејофот.

Оклахома Сити Тандер победи против Њу Орлеанс Пеликанс 123:118. Тоа значи дека сезоната на Пеликанс е завршена, додека Тандер ги очекува дуел со Минесота Тимбервулвс, кои претходната вечер беа поразени од ЛА Лејкерс, за деветти носител во баражот.

Натпреварот беше тензичен до самиот крај бидејќи ниту една од двете екипи во ниту еден момент немаше двоцифрена предност. Тандер на крајот поведе со 115:114 и го задржа водството.

Најдобар играч на Оклахома Сити Тандер беше Шај Гилгес-Александер со 32 поени, додека еден помалку постигна Џош Гиди.

Брендон Инграм за Пеликанс постигна 30 поени, а имаше и шест скока и седум асистенции. Треј Марфи Трети постигна 20 поени, а Јонас Валанчиунас имаше дабл-дабл со 16 поени и 18 скока.

Scroll to Top