Top Sport

Цибона им врачи отказ на сите вработени

Кошаркарскиот клуб Цибона го отпушти тренерот Иван Велиќ и сите вработени во клубот. Финансиската криза предизвикана од пандемијата со коронавирусот ги натера челниците на поранешен двоен европски шампион да преземат радикален чекор.

Цибона се наоѓа во тешка финансиска ситуација, клубот нема пари да ги плаќа вработените поради што тие добиеја отказ. Меѓу оние што добија отказ се и тренерот Велиќ и членовите на неговиот стручен штаб.

Цибона неодамна излезе од прет стечајната постапка поради што во клубот не можеле да ја средат комплетната документација за новите кризни мерки за да можат на вработените барем да им обезбедат минимална плата.

За разлика од вработените кошаркарите не добија отказни решенија.

Scroll to Top