Top Sport

„Стерлинг во Ливерпул? Можно е“

Менаџерот на Рахим Стерлинг не ја исклучува можноста неговиот клиент да се врати во Ливерпул. Стерлинг кариерата ја започна на „Енфилд“, а во 205 година се пресели во Манчестер сити. Поради тој трансфер стана персона „нон грата“.

Манчестер сити доби суспензија од УЕФА, наредните две години на клубот му е забрането учество во европските купови, поради што медиумите започнаа да шпекулираа дека Стерлинг би можел да се врати во Ливерпул.

„Иако е среќен во Ливерпул Рахим никогаш го нема заборавено Ливерпул. Таму стана она што е денес и како играч и како човек. Виситна е дека имаше многу искри кога замина, но оттогаш мина многу време и мислем дека се е можно. Можно е да се врати“, рекол менаџерот на Стерлинг за „Лекип“.

Неодамна самиот Стерлинг одговорајќи на прашањата на фановите рекол дека го сака Ливерпул.

„Да бидам искрен, го сакам Ливерпул, секогаш ќе биде во моето срце“.

Scroll to Top