Натпреварот одигран во рамките на Втората руска лига помеѓу Арсенал од Тула и Динамо од Севастопољ го доби статусот на најсмешно наместениот меч во историјата на кошарката. Поради обвинувањата за нелегално обложување лидерот во Втората лига, Арсенал е исфрлен од првенството, додека седуммина играчи на Динамо минале само со условни казни.
Конечниот резултат не остава сомнеж дека имало местење (82:65). Она што е впечатливо е податокот дека во последните седум минути биле постигнати само три поени. И тие поени се постигнати случајно кога еден од гостинските играчи постигнал тројка од табла, на две минути до крајот на мечот.
Во последните седум минути биле промашени девет слободни фрлања, а тимовите заедно „продале“ 13 топки. Пет пати не успеале да упатат удар во предвиденото време за напад, а два пати топката од аут не била изведена во предвидените пет секунди.
Фарсата ја комплетира податокот дека во последните минути Арсенал шутирале кон кошот на противникот само пет пати.
En la segunda división de Rusia los jugadores de distintos equipos se llevan muy bien.
Tan bien que arreglaron el resultado antes de empezar.
Dantesco.https://t.co/6CGSVJqAHHEstos pibes no pueden jugar más.
— Javier ? (@javierdm101) December 13, 2019
Истрагата околу регуларноста на натпреварот е во тек, а надлежните органи веднаш го исфрлија Арсенал од лигата, бидејќи клубот од Тула веќе го прекршил фер-плејот во сезоната 2017/2018.
Исто така, Извршниот одбор на Руската кошаркарска федерација суспендирале неколкумина играчи на Арсенал, тие нема да можат да играат до крајот на сезоната. Најлошо минал тренерот на Арсенал, Виктор Усков, кој нема да може да работи до 31 декември 2021 година.
Последните седум минути од натпреварот може да ги покледнете ОВДЕ.