Top Sport

Црна Гора на местото на Русија на ЕП

Кошаркарската репрезентација на Црна Гора по административен пат ќе се пласира на завршницата на Европското првенство. Натпреварувачката комисија на ФИБА Европа, предложи Црна Гора да ја замени Русија на Европското првенство. Собранието на ФИБА Европа конечната одлука ќе ја донесе в сабота, во Вилнус.

Според правилата, во случај некоја екипа да не може да учествува на првенството, нејзиното место го зазема тимот што имал најдобар учинок, но не се квалификувал. Со оглед на тоа што избраниците на Бошко Радовиќ се единствени со три победи кои останаа под линијата, тие се први на оваа листа.

Доколку нема непредвидени промени, избраниците на Радовиќ ќе играат во групата А во Тбилиси, со домаќинот Грузија, Шпанија, Турција, Белгија и Бугарија.

Четирите најдобри селекции ќе се пласираат во нокаут фазата која ќе се игра во Берлин.

Scroll to Top