Top Sport

Црногорците приредија првоаприлска шега

Речиси сите медиуми (вклучувајќи не и нас) „наседнаа“ на првоаприлската шега на црногорската радио-станица „ДРС“ за наводните навивачи на хрватскиот кошаркарски клуб Цедевита кои извикуваа „Ова е Србија“ на улиците на Подгорица.

„ДРС“ отиде дотаму што објави снимка на која неколку „навивачи“ со хрватско знаме извикуваат „Ова е Србија“, но сега се заблагодарија на актерите од видеото.

Инспирацијата за „ДРС“ дојде од инцидентот во Загреб минатата недела, кога пред вториот натпревар од полуфиналето на АБА-лигата, навивачите на Будуќност скандираа „Ова е Србија“ во Загреб и беа приведени од полицијата.

Балканска работа! Навивачи на хрватската Цедевита викаа „Ова е Србија“ во Црна Гора! (видео)

Scroll to Top