Top Sport

Црвена ѕвезда и Перпероглу пресилни за Будуќност (Видео)

Кошаркарите на Црвена ѕвезда го задржаа максималниот ефект во АБА-лигата откако во дербито на 13.коло забележаа победа над Будуќност со 86:72 (23:11, 23:29, 17:23, 23:9). Со оваа победа белградскиот тим веројатно си го обезбеди првото место во регуларниот дел од сезоната.

Финалистите од минатата сезона, во Белград, одиграа одличен натпревар преполн со пресврти, а решавачка за конечниот резултата беше последната четвртина во која играчите на Црвена ѕвезда одиграа беспрекорно во одбраната, на противниците им дозволија да постигнат само девет поени, а постигнаа 23.

Првиот период домашните играчи го добија со 12 коша, а на полувреме разликата беше шест поени за Црвена ѕвезда, меѓутоа Будуќност во вториот квартал постигнаа дури 29 поени.

Целосен пресврт гостите направија во третиот период кога создадоа и предност од осум поени. Тогаш домашните кошаркари со голема борбеност направија серија од 16:0 и во последната четвртина влегоа со резултат 63:63.

Во последниот период доминираше центарот на Црвена ѕвезда, Мајкл Оџо, кој го затвори рекетот под својот кош, а неговите соиграчи во нападот немаа проблем со реализацијата.

Искусниот грчки кошаркар Стратос Перперогу ја предводеше Црвена ѕвезда со 23 поени, а младиот Бориша Симаниќ забележа 14 поени и 12 скока. На спротивната страна се истакна двојниот НБА шампион Норис Кол со 21 поен.

Scroll to Top