Top Sport

Црвена звезда го потврди трансферот на Хол

Ленгстон Хол е новото засилување за кошаркарскиот клуб Црвена звезда. Американецот во црвено-белиот табор дојде од редовите на Промитеас.

Хол има 29 години, минатата сезона во Еврокупот имал просек од 11,4 поени и 5,7 асистенции по натпревар, додека во првенството на Грција неговиот просек по натпревар бил 9,5 поени 6,5 асистенции.

Бекот-шутер во Европа игра од 2014 година, настапувал за Пистоја, канту, Бон, Колос, Цибона и Промитеас.

Хол е четвртото засилување за Црвена звезда во пресрет на новата сезона. Претходно договори со клубот кој ќе игра во Евролигата потпишаа Ленди Ноко од Алба, Кори Волден од Партизан и Џордан Лојд од Валенсија.

Scroll to Top