Top Sport

Позицијата на Венгер под „лупа“ на крајот на сезоната

Арсен Венгер потврди дека бордот на Арсенал ќе ја разледа неговата позиција на менаџер на тимот од Лондон на крајот на сезоната.

Французинот потпиша двегодишно продолжување на договорот ова лето, за да го продолжи 21-годишниот престој на „Емирати“, но на годишниот состанок на клубот, тој призна дека по крајот на сезоната ќе има ревизија на постигнатото.

„Сакам да видам што бордот мисли за мојата работа. Потоа ќе одлучиме што ќе правиме понатаму. Целта е да се исполни договорот, бидејќи мојата посветеност е најголема досега. Без разлика на што ќе се случи, ќе го сакам овој тим засекогаш и ќе бидам вечен навивач“, изјави Венгер.

Лани, „топчиите“ завршија на петтото место во Премиер лигата, и не влегоа во Лигата на шампионите, за првпат да бидат надвор од топ 4 од 1996 година. По ова имаше вистинска кампања на дел од навивачите за промена на Венгер.

Scroll to Top