Top Sport

Црвена Звезда го зеде скалпот на Олимпијакос, Жалгирис го победи Макаби

Кошаркарите на Црвена Звезда го победија лидерот во Евролигата, тимот на Олимпијакос, со 87:79. На дуелот во Белград, Олимпијакос можеше комплетно да го обезбеди првото место пред плеј-офот во Евролигата, но не успеа. Српскиот тим стигна до победа пред своите навивачи, иако за нив мечот немаше големо резултатско значење.

Факундо Кампацо постигна 20 поени и беше најефикасен кај Црвена Звезда, а по 12 поени уфрлија Филип Петрушев и Лука Вилдоза. Кај Олимпијакос, Саша Везенков заврши со 16 поени и осум скока.

Жалгирис на домашен терен го победи Макаби со 68:67 и ја продолжи трката за место меѓу осумте најдобри.

Scroll to Top