Top Sport

Црвена звезда мора да го исплати Милер

Поранешниот кошаркар на Црвена звезда, Квинси Милер, го доби судскиот спор со клубот од Белград, што го водеше пред Арбитражниот кошаркарски трибунал (БАТ). Црвена звезда, на својот поранешен играч, мора да му ги исплати сите плати и бонуси.

Милер (25), дресот на Црвена звезда го носеше во сезоната 2015/2016 и успеа да ја освои АБА лигата и српскиот шампионат, а во Евролигата со клубот стигна до четврт-финалето.

Милер, таа сезона, беше избран во втората најдобра петорка во Евролигата.

Американецот во сезоната 2015/2016 по натпревар имал просечни 14 поени, 5,7 скока и 1,5 блокади.

Црвена звезда на Американецот треба да му исплати 91.000 евра.

По заминувањето од Црвена звезда, Милер, играше во Макаби и Бамберг, а сега е член на Пиратас де Кебрадиљаса од Порторико.

Scroll to Top