Дербито во кошаркарската АБА-лига помеѓу Будуќност и Црвена звезда нема да се одигра. Актуелните шампиони во регионалната лига, кошаркарите на Црвена звезда претпладнево не отпатувале за Подгорица.

Експедицијата на Црвена звезда во 10.45 часот била во авионот за Подгорица кога на играчите и струшниот штаб им било наложено да излезат од леталото.

Според српските медиуми Безбеносната информативна агенција (БИА) проценила дека гостувањето на Црвена звезда во Подгорица претставува безбедносен ризик и дека според нивните информации постоеле можност да биде загрозена безбедноста на кошаркарите.

Челниците на Црвена звезда во изминатите два дена побарале натпреварот да биде одложен поради политичките тензии во Црна Гора кои ги предизвика носењето на новиот закон за врските заедници.

Од клубот по повод овој настан најавиле прес конференција од 16.30 часот.

Натпреварот според програмата треба да започне во 18 часот.