Top Sport

Црвена Звезда, Партизан и Барселона со гостински победи во Евролигата

Српските клубови Партизан и Црвена Звезда остварија значајни победи во Евролигата, а успешна беше и Барселона.

„Црно-белите“ беа убедливи на гости и го победија Баерн Минхен со 71:82. Кевин Пантер беше најефикасен со 19 постигнати поени, Лесор реализираше 16 поени и седум скока, а Нанали уфрли 15 поени во триумфот со кој тимот на Жељко Обрадовиќ ја продолжува трката за пласман во Топ 8 фазата од Евролигата.

Црвена Звезда ја прекина лошата серија во Евролигата со триумф од 86:89 на гости против Макаби Тел Авив. Недовиќ со 28 поени беше прв стрелец, а 14 постигна Митровиќ.

Болдвин уфрли 38 поени и имаше пет скока и пет асистенции, но недоволно за позитивен резултат за Макаби.

Барселона го декласира Виртус Болоња на гости со 75:92. Миротиќ поентерски го предводеше тимот на Барселона со 17 поени, а по 13 постигнаа Абринес и Јокубиаитис.

Scroll to Top