Иако не беа под притисок да победат, ЦСКА и Ефес ја докажаа својата класа.
Басконија три четвртини водеше против ЦСКА во Москва, но во последниот период гостите од Шпанија го загубија мечот со резултат 82-78. Иако победата не беше императив за домашниот состав, сепак кошаркарите на ЦСКА стигнаа до нова европска победа.
Најпрецизен кај „Армејците“ беше Клејбурн со 16 поени, додека Марселињо Хуертас се истакна кај Басконија со 17 поени.
Анадолу Ефес пак во Истанбул беше подобар од Армани Милано со 101-95 по што „пиварите“ и завршија“ работа на
Басконија затоа што го елиминираа италијанскиот претставник од плеј-офот.
Најпрецизен кај победничката екипа беше Василије Мичиќ со 18 поени, а кај Армани се истакна Џејмс со 17 поени.
Предмалку грчки Панатинаикос славеше очекувана и убедлива победа против тимот на Будуќност од Подгорица со резултат 87-67 со што домаќините се закотвија на шестата позиција на табелата која води во плеј-офот, а подгоричани го завршуваат настапот во Евролигата на претпоследното место.