Top Sport

Македонските ракометарки ЕП 2020 ќе го бараат во група со Шведска, Чешка и Португалија

Жрепката која денеска се одржа во Копенхаген ја смести Македонија во групата 5 за пласман на ЕП 2020 година во женска конкуренција.

Најдобрите македонски ракометни репрезентативки пласманот на првенството ќе го бараат во група со селекциите на Шведска, Чешка и Португалија.

Пласман на шампионатот ќе обезбедат двете најдобри селекции од седумте групи, заедно со домаќините на првенството, Норвешка и Данска.

Квалификациите за ЕП 2020 почнуваат на 25 септември годинава, а последното 6.коло ќе се игра во мај идната година.
ЕП за жени ќе се одржи од 4 до 20 декември 2020 година.

Scroll to Top