Top Sport

ЦСКА го „демолираше“ Панатинаикос сред Атина

ЦСКА Москва со неверојатни 11 тројки во првите 20 минути игра ги „уништи“ Панатинаикос за 98:74 победа на гости во единствениот меч од денешната програма во Евролигата, додека сите други натпревари беа откажани поради проблемите со КОВИД.

Мариус Григонис со 19 поени, Даниел Хекет со 17 поени и Торнике Шенгелија со 16 поени беа лидери на „Армејците“ кои ја добија втората третина со 34:13 за водство од речиси 30 поени на полувреме (33:60).

Панатинаикос не успеа да се врати во второто полувреме и за нив најдобри беа Јоанис Папапетру со 16 поени и Кендри Пери со 15 поени. Со победата, ЦСКА го подобри скорот на 11-7, додека ПАО паднаа на 4-14 по четвртиот пораз во низа.

Scroll to Top