Top Sport

ЦСКА го „потопи“ Фенер, Обрадовиќ до своите кошаркари: Еб.те се, срамота сте (видео)

Мајк Џејмс имаше 31 поен и додаде 4 асистенции за ЦСКА Москва да стигне до убедлива 88:70 победа над Фенербахче, зголемувајќи ја фрустрацијата во турскиот клуб, за кои не играше Нандо де Коло.

Покрај Џејмс, Јанис Стрелникс имаше 23 поени за ЦСКА да се врати на победите по изненадувачкиот пораз од Асвел и да го подобри скорот на 6-2. За Фенер, Костас Слукас имаше 20 поени, а Дерик Вилијамс 19, но падот на формата во третата четвртина беше клучна за шестиот пораз во осум меча оваа сезона.

Токму оваа лоша форма на Фенер му ги „уништи“ нервите на тренерот Жељко Обрадовиќ, кој повторно имаше неколку екстремни реакции, како кога ги пцуеше сопствените кошаркари.

Scroll to Top