ЦСКА Москва донесоа уште едно засилување за продолженито на сезоната. Откако го потпишаа 32-годишниот центар Мајкл Ерик, кој е замена за повредениот Никола Милутинов, „армејците“ го потпишаа и данскиот бек, Габриел Лундберг.
„Спортандо“, пишува дека трофејниот клуб за трансферот за Лундберг издвоил 250.000 евра.
Данецот е бек, а може да успешно да ги покрие позициите 1 и 2.
Овој играч кариерата ја започна во Вулфспак, а подоцна играл за Хорсенс, Манреса и Тенерифе. Од 2020 година играше во Полска, во екипата на Зјелона Гора.