Дианџело Расел „Ол стар“ играчот на Бруклин Нетс кој се поврзуваже со трансфер во ЛА Лејкерс кариерата ќе ја продолжи во редовите на Голден стејт Вориорс. ЕСПН тврди дека Вориорс му понудиле максимален договор на Расел.
Расел доаѓа во Голден стејт како замена за Кевин Дурент кој според сите најави треба да се пресели токму во Бруклин Нетс.
Расел ќе добие максимален договор, односно 117 милиони долари за четири сезони. За да го овозможат ова Вориорс решија да го испратат Андре Игудала во Мемфис Гризлис.