Top Sport

Алваро Мората се враќа во Мадрид

Напаѓачот на Челси, Алваро Мората, до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Атлетико Мадрид. „Марка“ открива дека двата тима постигнале договор, иако Челси во почетокот одбивале да преговараат за позајмица на напаѓачот. Според овој извор Мората од утре официјално ќе стане член на Алетико.

Алваро Мората, дел од својата јуниорска кариера минал во Атлетико, за потоа преку Реал, Јувентус и Челси повторно да се врати во редовите на „јорганџиите“. Мората е најскапото засилување во историјата на Челси.

Сепак тој не ги исполни очекувањата на „Стенфорд Бриџ“, а сега се обиде да се врти во форма во Атлетико.

Договорот на клубовите е дека Атлетико по завршувањето на сезоната ќе може да го откупи неговиот договор за 40 милиони евра.

Во меѓувреме, Атлетико, се обидува да се ослободи од двајца играчи, кои во клубот пристигнаа во летниот преоден рок. Никола Калиниќ и Желсон Мартинш не ги оправдаа очекувањата на тренерот Диего Симеоне.

Заминувањето на Мората од Челси значи „сините“ ја завршиле работата околу трансферот на Гонзало Игуаин.

Scroll to Top