Денвер Нагетс го победија лидерот Голден стејт Вориорс, во Сан Франциско, со 89:86. Јокиќ ја имаше клучната блокада на три секунди до крајот. На овој меч Стеф Кари ја постигна 3.000 тројка во кариерата.
Денвер изненадувачки славеа на теренот кај најдобриот тим во лигата. Нахетс имаа предност од 24 поени по првото полувреме. Во последната четвртина влегоа со предност од 14 поени, кога куминга направи серија 11:2 и ги врати Вориорс во мечот.
Последните две минути беа хаотични, двата тима грешеа и промашуваа. На крајот Јокиќ при резултат 88:86, на три секунди до крајот, Јокиќ го блокираше Куминга. Потоа Кампацо од линијата за слободни фрлања погоди еднаш, а Андре Игудала не погоди тројка.
Јокиќ со 22 поени, 15 скока и пет асистенции го предводеше Денвер. Српскиот центар имаше и осум загубени топки. Кај Нагетс двоцифрен број на поени, 21, имаше уште само Вил Бартон.
Стеф Кари беше најефикасен кај Вориорс со 23 поени, но со лош процент на реализација. Кари, кој на овој меч ја постигна 3.000 тројка во кариерата, имаше шут од поле 6/16, погоди пет тројки од 14 обиди.