Дуелот на тимовите кои ги предводат младите ѕвезди од Балканот, Лука Дончиќ и Никола Јокиќ, предизвика најголемо внимание изминатата ноќ во НБА лигата. Денвер го победи Далас со 117:113. За Нагетс ова беше четвртата победа во низа, додека Маверокс го забележаа третиот пораз на последните пет натпревари.
Јокиќ за Денвер одигра 33 минути, постигна 20 поени, на кои придодаде 10 скока и четири асистенции. До победата Денвер го предводеше Мајкл Портер јуиор, кој се врати во тимот по повредата, со 30 поени и осум скока. Вториот најдобар играч на Денвер Џамал Мареј, поради неспортски потег беше исклучен.
Лука Дончиќ, во редовите на Далас, натпреварот го заврши со трипл-дабл од 35 поени, 11 скокови и 16 асистенции. Словенецот немаше помош од соиграчите, најблиску до него беше Тим Хардавеј јуниор, стрелец на 19 поени.
Денвер со скор од 10 победи и 7 порази се седми на Западот, додека Далас се 10. со скор 8 победи и 9 порази.