Top Sport

Дабовиќ: Ме донесоа во клубот само бидејќи претседателот сакаше да спие со мене

Поранешната српска кошаркарка Милица Дабовиќ тврди дека била донесена во еден грчки клуб само бидејќи претседателот  на клубот сакал да спие со неа.

Се верува дека се работи за грчкиот клуб Палео Фалиро, каде што таа играше три месеци во 2009 година, по што си заминала, како што вели, без ниту една плата.

„Ме донесоа во еден грчки клуб, бидејќи претседателот на клубот сакаше да спие со мене. Бидејќи тоа не се случи ме избркаа по три месеци и не ми платија. Ми се случуваше да ми нудат огромни пари за една вечер. Не е важна сумата, но тоа ми се случи додека бев во Турција. Но, јас не го правев тоа ниту кога немав ниту динар, ниту кога заработував 20.000 евра месечно. Со чист образ помирно се спие“, вели Дабовиќ во интервју за српскиот „Ало“.

Дабовиќ, која се повлече од кошарката во 2016 година, сепак, додека беше кошаркарка на Бешкиташ во 2009 имаше разголена фото-сесија за еден магазин, што предизвика клубот да ја отпушти.

 

Scroll to Top