Top Sport

Дадли му „спушти“ на Пирс: Кокаинот е страшна дрога (Видео)

Кошаркарот на Бруклин Џаред Дадли на интересен начин ја коментирал изјавата на Пол Пирс, кој рекол дека имал подбра кариера од Двејн Вејд. За „ЕСПН“, Пирс изјавил дека би имал пет или шест титули во кариерата доколку за соиграчи ги имал Шекил О’Нили и Леброн Џејмс.

Двејн Вејд ја игра својата последна сезона во НБА лигата, а в пензија ќе замине како еден од најдобрите бекови во историјата на најсилната лига во светот. Во кариерата три пати бил шампион и освоил многу индивидуални награди.

„Дајте ми го Шек! Дајте ми го Леброн! Би седел дома со пет или шест НБА титули“, рекол Пирс.

Дадли, исто така е ветеран во лигата, на „Твитер“ му одговорил на некогашниот соиграч од Бостон Селтикс.

„Кокаинот е страшна дрога! Двајцата имаа сјајни кариери, но Вејд е третиот најдобар бек во историјата на лигата“.

На овој „твит“, одговорил и Двејн Вејд.

„Го кажа ова подобро од мене“

Пирс во кариерата одиграл 1.343 натпревари, со просек од 19,7 поени, 5,6 скока и 3,5 асистенции, додека Вејд на 1.051 натпревари има просек од 22 поени, 4,7 скока и 5,4 асистенции.

Scroll to Top