Top Sport

Федерер ги критикува „Најки“: Аутфитот најчесто беше лош

Роџер Федерер упатил критики до компанијата „Најки“ поради нивниот обид да го „уништат“ дизајнот на маиците.

„Искрено, понекогаш имавме очајни тениски аутфити. Заминаа предалеку во погрешна насока. Сакаа да направат маици кои ќе изгледаат модерно, што е многу погрешно. Како да ги прегазил камион – или сакаа да имаат некои „апликации“, што е лошо за спортот кој има богата историја. Поло маичката е легендарна. Имам чувство дека мораме да работиме на тоа, да ги редизајнираме тие маички, да изгледаат нови и свежи“, рекол Федерер.

Швјацарецот имаше долгогодишна соработка со „Најки“, меѓутоа од летото 2018 година тој е заштитно лице на јапонската компанија „Уникло“.

Scroll to Top