Top Sport

Далас не е само Дончиќ, Прозингинс и Кари ги средија Милвоки (Видео)

Далас Маверикс победија во Милвоки 120:116. Во отсуство на Лука Дончиќ Маверикс ги предводеа Кристапс Прозингинс и Сет Кари. Изминатата ноќ победи во НБА лигата забележаа Торонто, Вашингтон, Хјустон, Оклахома и Мемфис.

Далас првата четвртина во Милвоки ја добија со 14 поени (36:22), а на полувреме Маверикс имаа три поени предност. Во третата четвртина Кари им ја врати на Маверикс двоцифрената предност. Милвоки се обидоа во последнот период но нивниот налет го одби Прозингинс со две тројки.

Летонецот Прозингинс ги предводеше Далас со 26 поени и 12 скока, а ист број на поени постигна Кари. Милвоки не успеаја да го избегнат поразот и покрај тоа што Јанис Адетокумбо забележа 48 поени и 14 скока.

Дербито на Тексас им припадна на Хјустон Рокетс. Тие остварија неверојатен пресврт против Сан Антонио и победија 109:107. На полувреме Сан Антонио имаа предност од 19 поени, но Рокетс успеајаво второто полувреме да ја стигнат и престигнат таа разлика.

Расел Вестбрук постигна 31, а Џејмс Харден 28 поени за Хјустон.

Торонто без проблеми славеа над Кливлемд 133:113, Портланд минилано ги порази Финикс Санс 111.110, Вашингтон победија во Детроит 133:119, Оклахома беа подобри од Чикаго 109:106, а Мемфис победија против Мајами 118:111.

Scroll to Top