Кошаркарите на Далас Маверикс и Јута Џез го отворија плејофот во сезоната 2021/2022. Јута го искористи отсуството на Лука Дончиќ и успеа да направи брејк во Тексас. Јута славеше со 99:93.
Џезерите до победата ги предводеше Донован Мичел со 32 поени и по шест скока и асистенции. Хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ постигна 26 поени. Францускиот центар Руди Гобер постигна пет поени, сите од линијата за слободни фрлања,имаше и 17 скокови.
Најдобра играч на Далас беше Џејлен Брансон (24 поени, седум скока и пет асистенции). Најблиску до Брансон беше Спенсер Динвиди со 22 поени и осум асистенции.
Далас ќе биде домаќин и на вториот натпревар, на 19.април.