Претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Србија (КСС), Предраг Даниловиќ, рекол дека НБА ѕвездата, Никола Јокиќ, нема желба да игра за својата земја.
Јокиќ за Србија играше на Олимписките игри во 2016 година, кога со националниот тим во Рио де Женеиро го освои сребрениот медал. Од ОИ тој повеќе не настапил за репрезентацијата, односно не одговорил позитивни на ниту еден повик од страна на селекторот Александар Ѓорѓевиќ.
„Мислам дека момчето нема желба да игра за репрезентацијата. Нема потреба да се лажеме едни со други, но тоа тој треба да го каже. Како претседател на КСС би бил пресреќен да дојде и да игра за репрезентацијата“, изјавил Даниловиќ.
Тој рекол дека не сака да оспори некои одлуки на Јокиќ, кога решил да не игра за репрезентацијата, но дека има и работи што не ги разбира.
„Првиот пат кога откажа требаше да потпише голем договор, тоа го разбирам, го поддржува,. Зошто да ја ризикува егзистенцијата, тоа го разбирам. Некои други причини не можам да разберам. Јас би сакал Никола да биде во тимот, но не сум сигурен дека за такво нешто постои желба кај него. Се надевам дека грешам“, заклучил претседателот на КСС.