Мајк Дантони повеќе нема да биде тренер на Хјустон Рокетс. Искусниот тренер ги известил клупските челници дека нема да потпие нпв договор.
Дантони (69) четири години ги предводеше „ракетите“, но не успа да избори пласман во големото финале. Хјустон повеќе од 25 години чека на нова титула во НБА лигата.
Тренерот реши да објави дека заминува откако со тимот беше елиминиран во полу-финалето во Западната конференција од ЛА Лејкерс.
Во кариерата Дантони бил тренер во Денвер, Финикс, Њујорк и ЛА Лејкерс.
Според американските медиуми тој е најсериозен кандидат за нов тренер на Филаделфија.