Top Sport

Јокиќ испиша историја

Никола Јокиќ копаркарот на Денвер Нагетс влезе во историјата на НБА лигата. Јокиќ го предводеше Денвер до победата над ЛА Клиперс 111.98 во шестиот натпревар од полу-финалната серија во Западната конференција.

Српскиот репрезентативец натпреварот го заврши со 34 поени, 14 скокови и седум асистенции. Со ова тој дојде до бројката од 600 поени, 300 скокови и 150 асистенции. Никој претходно во историјата на лигата до овие бројки не стигнал со само 27 одиграни натпревари во плејофот.

Мајсторката помеѓу Денвер и ЛА Клиперс ќе се одигра во среда. Победникот во финалето на Западот ќе игра против ЛА Лејкерс.

Scroll to Top