Top Sport

Дебакл на Денвер Нагетс, Вориорс се лидери на Западот (Видео)

Голден стејт Вориорс, прв пат од почетокот на сезоната се лидери во Западната конференција, во НБА лигата. Актуелните шампиони, во директната борба за првото место на табелата, ги декласираа досегашните лидери, Денвер Багетс со 142:111.

Вориорс во Денвер го одиграа најдобриот меч од почетокот на сезоната. Стеф Кари и Клеј Томпсон само во првата четвртина постигнаа десет тројки, а по 12 минути шампионите постигнаа неверојатни 51 поени, што е апсолутен рекорд во лигата.

Нагетс тешко можеа да го следат ритамот на Вориорс. Кога шампионите ќе играат на вакво ниво не постои тим во НБА што можат да го следат нивниот ритам.Вориорс на крајот погодија 21 тројка од 39 обиди, а имаа 38 асистенции.

Клеј Томпсон и Стеф Кари постигнаа по 31 поен, а Кевин Дурент застана на бројката од 27 поени.

Кај Денвер се истакнаа Џамал Мареј со 22 поени, односно Никола Јокиќ со 17 поени, 4 скока и 8 асистенции.

Вориорс се први на Западот со 30 победи и 14 порази, а Денвер се втори со една победа помалку.

Резултати:

Индијана Пејсерс-Феникс Санс 131:97
Филадлефија ’76-Минесота Тимбервулвс 149-107
Атланта Хокс-Оклахома Тандер 142:126
Милвоки Бакс-Мајами Хит 124:86
Денвер Нагетс-Голден стејт Вориорс 111:142
ЛА Лејкерс-Чикаго Булс 107:100

Scroll to Top