Деневер и Далас, без своите лидери Никола Јокиќ и Лука Днчиќ, доживеаја порази на гостувањата кај Финикс, односно ЛА Клиперс. Чикаго во дербито на Истокот го совладаа Њујорк, Голден стејт убедливо го поразија Торонто, а ЛА Лејкерс, со пресврт славеа во Детроит. Натпреварот го обележа неспортскиот потег на Леброн Џејмс.
Финикс Санас го декласираа Денвер со 126:97. Една четвртина им беше доволна на Санси да го решат натпреварот. Во првиот период играчите на Финикс постигнаа 48 поени, четвртината ја добија со 20 поени разлика.
Камерон Џонсон со 22 и Диандре Ејтон со 21 поени го предводеа Финикс.
Длас без Дончиќ не успеа да слави во Лос Анџелес. Клиперс, во тесен натпревар победија со 97:91. Пол Џорџ постигна 29, Реџи Џексон 23, а Ивица Зубац забележа 16 поени и 10 скока.
Кај Далас се истакна Кристапс Прозингинс со 25 поени.
Голден стејт Вориорс играта во голема форма од почетокот на сезоната. Вориорс ја истакнуваат кандидатурата за шампионскиот престен, победуваат и кога Стеф Кари не блеска.
Џордан Пул и Ендрју Вигинс искомбинираа 65 поени. Пул постигна 33, постигна осум тројки од 11 обиди. Вигинс заврши со 32 поени.
Чикаго Булс го победија Њујорк со 109:103. Демар Дерозан беше најефикасен кај Булс со 31 поен, 21 постигна Зек Лавин. На спротивната страна Џулиус Рендл имаше 34 поени и 10 скока.