Сакраменто Кингс не успеаја да победат во Оклахома иако имаа предност од 19 поени, Лејкерси за една четвртина ги декласираа Голден стејт Ворирос, Портланд го забележаа 34 пораз во сезоната, а Филалдлефија без првите ѕвезди Џоел Ембид и Бен Симонс лесно се справи со Њујорк.
Оклахома Тандер направија голем пресврт, се вратија по негативата од 19 поени и ги совладаа Сакраменто Кингс со 112:108.
Данило Галинари постигна 24 поени, а Крис Пол забележа 17 поени и седум асистенции за Оклахома, додека кај Сакраменто Херисон Барнс постигна 21 поен, а Немања Бјелица имаше 18 поени и девет скока.
Оклахома имаат скор 37/22, а Сакраменто 24/34.
ЛА Лејкерс ги декласираа Голден стејт Вориорс со 116:86. Вориост се држеа во првото полувреме кое заврши со само два поени предност за Лејкерс 52:54. Меѓутоа во третиот период Лејкерс го уништија противникот со 17:40.
Леброн Џејмс го пропушти овој натпревар, додека Ентони Дејвис воопшто не играше во последната четвртина. И покрај тоа Дејвис беше најефикасен со 23 поени, колку што на спротивната страна постигна Ерик Паскал.
Лејкерс се лидери во Западната конверенција со скор 45/12, додека Вориорс се на дното со 12 победи и 47 порази.
Кошаркарите на Филаделфија славеа победа против Њујорк Никс 115:106. Во отсуство на повредените Ембид и Симонс, до победата Филалделфија ја предводеа Тобајас Херис со 34 односно Шејк Милтон со 19 поени. Кај Никс се истакна Џулијус Рендел со 30 поени и 10 скока.
Филалделфија се петти на Истокот со 37 победи и 23 порази, додека Никс е претпоследни со скор 17/42.
Портланд минатата сезона стигна адо финалето на Западот, а како тргнале оваа нема воопшто да влезат во плејофот. Без најдобриот играч Демијан Лилард Портланд загубија од Индијана 106:100.
Мечот во Индијанаполис го реши Мајлс Тарнер кој постигна тројка за +6 во последната минута. Домантас Сабонис со 20 поени, 11 скока и шест асистенции се истакна кај Индијана. Портланд го предводеше Си Џеј мекалум со 28 поени.
Индијана Пејсерс се шести на Истокот со скор 35/24, додека Портланд се наоѓаат на деветтото место на Западот 26/34.