Top Sport

Дебакл на ГСВ, Ерик Бледсо и Јанис белскаа во Оукленд (Видео)

Милвоки Бакс им нанеса тежок пораз на актуелните шампиони Голден стејт Вориорс. Бакси на крилјата на Јанис Адекоумбо и Ерик Бледсо, во „Оракл арена“ во Оукленд, ги декласираа Вориорс со 134:111.

Само првата четвртина на овој меч беше израмнета и неизвесна. Бакс изненадувањето го најавија во вториот период, кога со серијата 11:1 прв пат стекнаа двоцифрена предност. На полувреме Бакс имаат предност од 12 поени.

Дебаклот на шампионите можеше да се насети кон крајот на третата четвртина. Голден стејт го одиграа катастрофално овој период и мго изгубија со 41:28.

До крајот на мечот Вориорс немаа никакви шанси да изборат барем пристоен пораз. Милвоки имаат девет победи и два порази, додека Вориорс имаат ист број на порази и една победа повеќе.

Кај Вориорс Клеј Томпсон постигна 24 поени, Кевин Дурент имаше 17 поени, девет скока, пет асистенции и дури шест изгубени топки, а Стеф Кари постигна само 10 поени (5/14 шут од поле).

Scroll to Top