Top Sport

ЗОИ во 2026 најверојатно ќе се одржат во Милано и Кортина

Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах, рекол дека заедничката кандидатура на Милано и Коритна Д’Ампецо има големи шанси во борбата за домаќин на Зимските олимписки игри во 2026 година. Бах има позитивно мислење за оваа кандидатура иако таа не е финансирана од страна на италијанската влада.

Кандидатурата на Милано и Коритна Д’Ампецо е поддржана од страна регионалните влади на Ломбардија и Венето.

Бах во Рим рекол дека оваа агенда е силна бидејќи „ги отсликува реформите во олимписката агенда во 2020 година“.

„Гаранциите што ги добивме се важни за да се обезбеди кандидатурата. ИОК тоа многу го почитува. Ќе мора напорно да работат, но засега ова изгледа многу ветувачки“, рекол Бах.

Минатиот месец, заменик премиер на Италија, Луиџи Ди Мајо, рекол дека владата до ИОК ќе испрати писмо со кое ќе ја поддржи кандидатурата, но дека нема да обезбеди ниту едно евро за директните и индиректните трошоци.

Челните луѓе на Олимпискиот комитет на Италија навеле дека Милан и Коритна се градови во двата најбогати региони и дека можат да издвојат финансии без при тоа да добија помош од владата.

За организацијата на ЗОИ во 2026 година кандидатури поднесоа и Стокхолм, односно Калгари.

Scroll to Top