Top Sport

Дебакл на Лејкерси, Хјустон водат 1-0

Хјустон Рокетс забележаа убедлива победа над Лос Анџелес Лејкерс 112:97 во првиот полу-финален натпревар од меѓусебната серија во Западната конференција.

Избраниците на Мајк Дантони одиграа одлична одбрана во текот на целиот меч, додека во нападот блескаа Џејмс Харден и Расел Вестбрук. Харден само во првото полувреме постигна 25 поени. На полувреме Хјустон имаа осум поени предност, а на почетокот на последниот период разликата беше 19 поени за Рокетс.

Харден мечот го заврши со 36 поени и пет асистенции, Вестбрук забележа 24 поени, девет скока и шест асистенции, а Ерик Гордон постигна 23 коша.

Лејекрси ги предводеа Ентони Дејвос со 25 поени и 14 скока, односно Леброн Џејмс со 20 поени, осум скока и седум асистенции.

Scroll to Top