ЛА Лејкерс ставија крај на серијата од четири порази со убедливиот триумф над Голден стејт Вориорс 117:91. Милвоки во дербито ги победија ЛА Клиперс 105:100, а Бостон Слетикс во драматичен финиш ја извлекоа победата над Вашингтон Визардс 111:110.
Актуелните шампиони го декалсираа Голден стејт Вориорс и се вратија на второто место во Западната конференција. Лејкерси, на полувреме го решија прашањето околу победникот, а во третата четвртина имаа предност и од 35 поени.
Леброн Џејмс, на теренот мина само 24 минути, постигна 19 поени и беше најефикасен во својот тим. На спротивната страна се истакна Ерик паскал со 18 поени, Стеф Кари одигра лош натпревар, погоди пет од 13 обиди, постигна 16 поени.
Бостон Селтикс со поените на Џејсон Тејтум постигнати на пет секунди до крајот на мечот, славеа над Вашингтон со 111:110. Тејтум со 31 поен ги предводеше Селтикс, на спортивната страна Бредли Бил застана на 46 поени. Ова е 11 натпревар, од почетокот на сезоната, на кој Бил постигнува најмалку 40 поени, а неговиот тим не успеа да победи.
Во дербито, Милвоки, предводени од Јанис Адетокумбо, славеа над ЛА Клиперс со 105:100. Јанис мечот го заврши со 36 поени, 14 скока и четири блокдаи. Грчкиот репрезентативец постигна 17 поени во последната четвртина.
Кај Клиперси се истакнаа Каваи Ленард со 25 и Серж Ибака со 15 поени, 12 од нив во третиот период кога Клиперси го анулираа двоцифрениот минус.
Резултати:
Сакраменто-Шарлот 126:127
Минесота-Феникс 99:118
Хјустон-Мемфис 84:133
Мајами-Атланта 109:99
Детроит-Њу Јорк 90:109