Кошаркарите на Борац од Чачак приредија вистинска сензација во првото коло во АБА лигата. На своето деби во регионалната лига среде Белград тие го победија Партизан со 87:78.
Фаворитот на овој натпревар беше инфериорен во текот на целиот меч, Партизан само два пати водеше 2:0 и 13:11. Борац го контролираше мечот во целиот негов тек, а во еден момент играчите од чачак имаа преднотс од 16 поени.
Борац со колективна игра и со доминација во скокот успеа да го изненади Парирзан. Петмина играчи на Борац постигнаа двоцифрен број на поени: Ѓоковиќ 12, Чарапиќ и Тортон по 11, а Милетиќ и Џонс постигнаа по 10 поени.
Кај Партизан единствено преодна оценка заслужи Јарамаз кој постигна 21 поен.