Top Sport

Дејвис има 190 милиони причини за радост

Ентони Дејвис ги финишира преговорите околу новиот договор со Лос Анџелес Лејкерс. Американските медиуми тврдат дека тој ќе потпише пет годишен договор кој ќе му донесе 190.000.000 евра.

Дејвис, во својата прва сезона со Лејкерси успеа да ја освои шампионската титула. Заедно со Леброн Џејмс тој е рбетот на овој тим, кој ќе се обиде во новата сезона да ја одбрани титулата.

Дејвис во првата сезона би требало да заработи 35.000.000 долари. Неговата плата ќе расте секоја година, а во последната година тој треба да добие 43.000.000 долари.

Во договорот ќе постои опција која ќе му овозможи на Дејвис да ја раскине соработката, пред да ја започне последната година од договорот.

Scroll to Top