Top Sport

Дејвис ќе паузира подолго од планираното

Повредата на Ентони Дејвис, предизвикува големи проблеми во тимот на Лос Анџелес Лејкерс.

Дејвис отсуствуваше две недели поради повреда на десната нога, а новата дијагноза ги загрижи сите во клубот.

Имено, Дејвис нема да игра и во наредните 7 до 10 дена, кога повторно ќе му бидат направени лекарски прегледи. Дури тогаш лекарите ќе можат со сигурност да одредат колку ќе трае процесот на рехабилитација.

До повредата, брилијантниот центар играше една од најдобрите сезони во кариерата, бидејќи во просек постигнуваше по 27,4 поени по натпревар.

Лејкерси моментално се на 13. место во Западната конференција со скор 13 победи и 18 порази.

Scroll to Top