Top Sport

Дејвис неизвесен за петтиот меч

Ентони Дејвис би можел да го пропушти петтиот меч од финалната сероја на Западот поради повредата на скочниот зглоб.

Најдобриот играч на ЛА Лејкрс во серијата со Денвер Нагетс се поведи во текот на четвртиот натпревар. Во таборот на „езерџиите“ се оптимисти дека Дејвис ќе може да им помогне на соиграчите.

Покрај Дејвис под знак прашалник за петтиот меч е и бекот Дион Вејтерс. На листата на повредени кај Лејкерси се наоѓаат и Карузо, Грин и Џејмс меѓутоа тие ќе играат против Денвер.

Лејкерси водат во серијата со 3:1, петтиот меч се игра во недела наутро.

Scroll to Top