Top Sport

Жолтата маичка продадена за 47.000 евра

Жолтата маичка на шампионот на Тур д’Франс, Словенецот Тадеј Погачар, на добротворна аукција била продаден за 47.000 евра. Аукцијата ја организирал Радио Словенија.

Дресот на Погачар го купил еден словенечки бизнисмен.

Организаторите рекле дека парите ќе бидат искористени за поддршка на талентираните млади спортисти од сиромашните семејства во Словенија.

Погачар (22), во неделата, стана најмладиот победник во 116 годишната историја на Тур д ‘Франс.

Во Генералниот пласман тој победи пред сонародникот Примож Роглич.

Scroll to Top